Хорти Дизајн со задоволство одговори на предизвикот и како општествено одговорна компанија, а во соработка со Општина Карпош го уреди кружниот ток во Тафталиџе 1.
Горди сме и задоволни што им се допадна на граѓаните. Навистина слушнавме само пофални зборови.

Посебно импонира коментарот на Бојан Симовски, за кој од профилот се гледа дека е професор на шумарскиот факултет и кој на свој, стручен начин вели: „Го забележав денес озеленувањето. Одличен избор на украсни растенија за урбана средина: еколошки скромни и резистентни на аерозагадување, а со високи декоративни карактеристики! Ова укажува на економичност во одржувањето поради соодветни месторастежни услови. Вистинско освежување, професионално изработено, браво“.

И навистина, на предизвикот сакавме да одговориме професионално, убаво за око и соодветно за урбаната средина. Вие велите дека сме успеале, а ние Ви благодариме за убавите зборови.

Сепак, мораме да кажеме дека сме и малку разочарани, што оваа според вас „убавина“ траеше само десетина часови. Затоа, Хорти Дизајн апелира до граѓаните да го зачуваме она што е заедничи имот, она што треба да ни биде убаво на сите и на сите нас да ни користи.

Како прогресираа работите, можете да видите на фотографиите.

Ние сме задоволни од нашаето остварување, но како што веќе кажавме, уште повеќе нè радува што вам ви се допаѓа.

Оставете порака