Без редовно полевање еден двор неможе да биде убав и негован. Автоматскиот систем за полевање денес е неопходен во секој двор/градина. Предностите на системите за полевање се бројни:
  • Тревникот и останатите растенија добиваат оптимална количина на вода;
  • Системот за наводнување ја заштедува водата, а со тоа и парите, затоа што растенијата добиваат онолку вода колку што им е потребно (нема нерамномерно полевање и прекумерно трошење на водата како кај рачното полевање)
  • За квалитетно рачно полевање на дворот потребно е да се издвојат неколку саати во текот на денот (наутро или приквечер), автоматскиот систем за полевање го заштедува вашето време и полева наместо вас и тоа многу поквалитетно отколку полевањето со црево;
  • Цревата и прскалките за тревникот се под земја и не сметаат во косењето и другитр активности на тревникот, прскалките при полевањето искачаат над земјата, а кога ќе заршат со полевањето се враќаат назад и не се ни приметуваат;
  • Автоматскиот систем за полевање ни овозможува да го поставиме времето на полевање соодветно со потребата на рестенијата за вода, метеролошките услови и својства на почвата.
  • Дворот/градината ќе биде полевана и кога сте одсутни бидејќи со нивната работа управуваат управувачки единици – контролери.

Ова се дел од нашата опрема и проекти: