Доколку ви е потребна инспирација за да направите прекрасен двор, ќе ја најдете тука. Создаваме градини и зелени површини кои не исполнуваат со задоволство.

Изработуваме 3D идејни решенија – проекти слушајќи ги Вашите желби и потреби, во согласност со Вашите очекувања, видот на објектот, големината на просторот, поднебјето и климатските услови.Улогата на зеленилото во нашето живеење е мошне комплексна и богата и поради тоа заслужува посебно внимание и љубов.Во овие градини создадени со љубов и голема посветеност на целиот тим на Хорти Дизајн, Вие ќе се чувствувате среќни и опуштени во кругот на своите најблиски, пријателите и деловните соработници.Крајниот резултат е во сооднос со естетските, функционалните и стручни барања, Вашата доверба ќе ја оправдаме со брза, квалитетна и професионална услуга и можете да бидете сигурни дека визијата за совршен двор или зелена површина ќе Ви биде реализирана.

Градинарскиот центар ХОРТИ ДИЗАЈН ДОО – Скопје е основан во 2008 год. и е лоциран на површина од 8000 m2 на влезот на населбата Бардовци.Со цел на нашиот пазар да му понудиме растенија од сите големини со врвен квалитет, фирмата се занимава со увоз и доодгледување на голем број на листопадни и зимзелени украсни видови на дрвја и грмушки, многу видови на покривачи, перени и сезонски расад.

За професионално извршување на сите услуги кои ги нудиме тимот на Хорти Дизајн е составен од: инженер – архитект, земјоделски инженер, 2 шумарски инженери и повеќе од 10 квалификувани стручни работници.

ХОРТИ ДИЗАЈН Ви стои на располагање за се од досега кажаното.

Ве очекуваме !
Со почит,

Градинарски центар ХОРТИ ДИЗАЈН