Садовите од теракота, или земјените садови им даваат посебна убавина на градините, но се посебно ценети и во внатрешното и надворешното уредување воопшто. Тие даваат впечатлив спој на природните материјали (глината) и растенијата засадени во нив. Пејсажните архитекти ги препорачуваат во сите можни комбинации и секаде. Често во нив се садат растенија кои можат да бидат посадени и директно во земја, но посадени во теракотна саксија дополнително се истакнуваат и го разубавуваат просторот.

Неколку вакви саксии заедно, во кои има посадено ползавци и растенија што паѓаат од ивиците на саксијата, а се зимоотпорни, ќе ви ја красат градината преку цела година. Овој вид на саксии одговара да бидат поставени на сите подлоги, на камен, на бетон, на дрво. Едноставно, убавото го разубавува дополнително.

Хорти Дизајн ви нуди голем избор на прекрасни ќупови, жардињери и саксии од теракота!

Оставете порака