Улогата на зеленилото во нашето живеење е мошне комплексна и богата и поради тоа заслужува посебно внимание и љубов. Ако сакате да уживате во убавиот двор, треба да го украсувате и одржувате постојано. Постојат многу креативни начини и интересни идеи на уредување и украсување, кои ќе му дадат одлична естетика на дворот.
Хортикултурното уредување се сотои од неколку процеси или фази:
- Подготовка на теренот;
- Поставување (вградување) на систем за наводнување;
- Садење на растенија;
- Поствување прекривка (бусен трева или друг вид нерастителен покривач);
- Одржување.
Пејзажно уредување на зелени површини:
- Приватни дворови;
- Деловни дворови;
- Јавни површини;
- Кровни градини;
- Вертикални ѕидови (внатрешни и надворешни);
- Градини (зеленчукови, овошни и комбинирани).